Регистар за казни на правни лица

Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од казнената евиденција на првостепениот суд за споредните казни за сторени кривични дела на правни лица пропишани со Кривичниот законик на Република Македонија (Сл.весник на РМ бр.37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08 и 114/09).

Главната и споредните казни се впишуваат електронски во регистарот врз основа на доставените правосилни судски одлуки по службена должност од првостепените судови. Главната казна се брише по службена должност од регистарот кога ќе поминат три години од денот на извршената или застарената казна, додека пак, споредните казни се бришат по службена должност од регистарот по истекот на времето за кое се изречени.

Потврдите дека не е впишана главна или споредна казна за правното лице се издаваат во текот на еден ден од денот на поднесување на Барањето за издавање на потврда/информација.

 
 
 
 
 
 
 
 
Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.