Регистар за забрана за вршење дејност

Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од евиденцијата на прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност пропишани со Законот за прекршоците (Службен весник на РМ бр. 62/06, 69/06 и 157/09).

Централниот регистар на Република Македонија по службена должност електронски ги евидентира прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност, и истите ги брише по службена должност од регистарот по истекот на времето за коишто се изречени.

Потврдите дека не е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност се издаваат во текот на еден ден од денот на поднесување на Барањето за издавање на потврда/информација.

 
 
 
 
 
Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.