Меѓународна соработка

Европскиот бизнис регистар (ЕБР) е мрежа составена од национални бизнис регистри и информациски куќи  во моментов од 24 европски земји меѓу кои и Република Македонија, претставене преку Централниот регистар (ЦР) кој ги обезбедува информациите за македонските компании.

ЕБР овозможува едноставен пристап до информациите за европските компании, преку интернет (online) директно од изворот – официјалниот регистар во секоја земја.

ЕБР прави возможно  секој да може да пронајде споредливи официјални податоци за компании од земјите кои се поврзани во мрежата за прифатлива цена. Со тоа се подобрува состојбата кај малите и средни компании, кои досега имаа потешкотии за пронаоѓање на информации за други компании од Европа.

Корисниците на ЕБР мрежата имаат можност да пребаруваат информации за преку 20 милиони компании од Европа,со само еден кориснички налог, преку еден интерфејс и еден јазик.

За да почнете да го користите ЕБР денес, посетете ја интернет страницата на  (www.ebr.org) и контактирајте го ЕБР дистрибутерот на информации.
 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.