Слободен пристап до информации од јавен карактер

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Основни поими:

 

„Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.

„Информација од јавен карактер“ е информација во  која било фирма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.

„Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Исклучок од слободен пристап до информации:

 

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

 

1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;

2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;

3) информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;

4) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;

5) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;

6) информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата;

7) информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;

8) информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина и

9) информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопстве-ност (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

 

Службено лице за посредување со информации и посредување со информации:

 

Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации.

 

Службено лице за посредување со информации на Централниот регистар е Јордан Дејанов, телефон 3288-165, факс 3123-169, e-mail:  Jordan.Dejanov@crm.org.mk

Адреса на Централниот регистар на Република Македонија

К.Ј.Питу 1, 1000 Скопје

 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.