Трговски регистар и регистар на други правни лица

Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар.


  • Тековна состојба за субјектите на упис
  • Историјат за субјектите на упис
  • Поединечни податоци за субјектите на упис
  • Фотокопија од решение со прилози и збирка на исправи
  • Увид во регистарска влошка и збирка на исправи
  • Информација за регистрирана дејност
  • Информација за отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација


1. Започнувајќи од 01.01.2006 година, со Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (Закони поврзани со ЦР)водењето на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица е во надлежност на Централниот регистар.

2. Пријавите за упис на основањата, промените и бришењата, во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можат да се поднесат во 10 (десет) Регионални регистрациони канцеларии на Централниот регистар и тоа во: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Куманово, Велес, Прилеп, Охрид, Струмица и Кочани.

3. Со воспоставувањето на едношалтерскиот систем за регистрација, се обезбеди обединување на сите правно релевантни статусни податоци за почеток на работењето и остварување на правата на деловниот субјект:

  • Определување и доделување на единствен матичен број на субјектот на упис (ЕМБС) и Определување на шифра и назив на регистрираната приоритетна дејност како и определување на главна приходна шифра по доставување на годишната сметка на друштвото според Националната класификација на дејности и шифра на организационен облик на субјектот на упис, кои што досега беа во надлежност на Државниот завод за статистика
  • Внесување на единствен даночен број (ЕДБ)
  • Внесување на сметка од деловна банка по избор на субјектот на упис

4. Обрасци за упис во треговскиот регистар заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете во делот Тарифа и обрасци.

5. Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација неколкукратно се намалени. Погледнете ја Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија (Тарифа и обрасци).

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Рок за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар
Субјектите за коишто е утврден задолжителен упис во трговскиот регистар се должни во рок од петнаесет дена од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да поднесат пријава за упис, освен ако со Законот за трговските друштва и со друг закон поинаку не е определено.
По истекот на три месеца од денот на стекнување на условите за поднесување пријава, Централниот регистар нема да ги запише податоците и пријавата ќе ја отфрли, освен ако со овој закон поинаку не е определено.

Поведување на постапката
Постапката за упис во трговскиот регистар се поведува со поднесување писмена пријава на пропишан образец, поднесена од овластен подносител, во којашто е содржано барањето за упис.
Правилникот за формата и содржината на обрасците за упис во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица е донесен од Министерот за економија и е објавен во Службен весник на РМ 101/06 (Закони поврзани со ЦР). Составен дел на правилникот е и упатството за пополнување на обрасците.
Пријавата упис се поднесува до канцеларијата за упис на Централниот Регистар.
Пријава за упис на трговско друштво поднесува органот на управување, односно овластен член на органот на управување, освен ако со ЗТД поинаку не е определено.
Пријавата од ставот (2) на овој член, може да ја поднесе и полномошник со полномошно дадено од овластениот подносител, заверено кај нотар, освен ако со ЗТД поинаку не е определено.
За вистинитоста и за законитоста на податоците одговара овластениот подносител , односно лицата определени со ЗТД.

Доставување на прилози
Со пријавата за упис во трговскиот регистар се поднесуваат и потребните прилози (исправи и докази) во коишто се содржани податоците што се запишуваат во трговскиот регистар.
Ако се внесува непаричен влог во недвижна ствар, се доставува и доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар.
Ако со закон е определено доставување на одобрение од надлежен орган, со пријавата се приложува и тој доказ.
Во пријавата за упис не може да бидат внесувани и други податоци, освен оние кои, според овој закон, се запишуваат во трговскиот регистар, или да се бара од субјектот на уписот да доставува други прилози (исправи и докази), освен оние кои со овој закон е определено дека мора да бидат приложени кон пријавата за упис.

ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

 

Здруженијата на граѓани и фондации се запишуваат во регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Македонија во регионалната регистрациона канцеларија на чие подрачје се наоѓа нивното седиште.
Здруженијата на граѓани и фондациите се должни во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање да поднесат пријава за упис во регистарот на Централниот регистар.
Со пријавата за упис во регистарот, се поднесува:

  • акт за основање;
  • статут на здружението на граѓани или фондацијата;
  • програмата за дејствување и
  • имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата.

Централниот регистар е должен во рок од 5 дена од денот на поднесувањето на пријавата за упис да донесе решение за упис во регистарот.
Во постапката за регистрација и престанок на здруженијата на странци се применуваат истите услови како и за здруженијата на граѓани.
Здруженијата на граѓани и фондациите се должни зачленувањето или поврзувањето во меѓународни организации да го запишат во регистарот, најдоцна 30 дена од денот на зачленувањето или поврзувањето.