За Eдношалтерскиот систем

ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА




ЕДНОШАЛТЕРСКИОТ СИСТЕМ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ОВОЗМОЖУВА:

 

  •          Единствен електронски регистар на територијата на Република Македонија кој овозможи ефикасна и брза регистрација на трговските друштва;
  •          Олеснет пристап до податоците за јавноста преку посета на една канцеларија, добивање на информациите на едно место и обраќање до еден службеник;
  •          Централизација на информациите во лесно достапна база на податоци за трговските друштва и другите правни лица со јасна идентификација на компаниите и едноставна размена на информациите
  •          Принцип на јавност и достапност, квалитетна, безбедна и доверлива техничка инфраструктура, сеопфатност на податоците, достапност на целата територија на Република Македонија, зголемен квалитет и точност на податоцитe;
  •          Определување и доделување единствениот матичен број на субјектите на уписот (ЕМБС), на шифрата и описот на регистрираната приоритетна дејност според Националната класификација на дејностите и шифрата на организациониот облик на субјектот на уписот; внесување единствениот даночен број (ЕДБ); внесување на сметка од банка по избор на субјектот на упис;
  •          Известување на сите институции кои се дел од едношалтерскиот систем (УЈП, Царина, ДЗС, итн.);
  •          Зајакнување на информациската инфраструктура во јавната администрација и соработка помеѓу јавниот сектор;

ПРЕДНОСТИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ:

 

  •         Поефтина регистрација (можност за идна електронска регистрација);
  •         Посета сaмо на еден шалтер;
  •         Време на регистрација 3 дена;
  •         Точни информации за деловните партнери.

ПРЕДНОСТИ ЗА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ:

 

  •          Единствен дистрибуиран електронски систем за регистрација на сите деловни субјекти;
  •          Заштеда на буџетски средства кои се користат во безполезно мултиплицирање на административните регистри;
  •          Поедноставена постапка за издавање на дозволи;
  •          Централизација на податоците за сите деловни субјекти;
  •          Олеснување на процесот на контрола на субјектите;
  •          Обезбеден квалитет на податоци;
  •          Поефикасно управување со податоците;
  •          Податици за макроекономско планирање;
  •          Привлекување на странски инвестиции преку отстранувње на административните бариери за регистрација;
  •          Примена највисоките европски стандарди и директиви;
  •          Добивање на финансиски податоци за сите деловни субјекти;
  •          Можност за ефикасна контрола на работењето на деловните субјекти и нивните сопственици и менаџери;
  •          Податоци за макроекономско планирање;
  •          Олеснување на процесот на контрола на деловните субјекти;
  •          Дигитализација на хартиената документација и лесен пристап до неа.

ПРЕДНОСТИ ЗА БАНКАРСКИОТ И ДЕЛОВНИОТ СЕКТОР:

 

  •          Лесен пристап до финансиски и кредитни информации (биланси, бонитети, финансиски извештаи, показатели, залог, хипотека).

ПРЕДНОСТИ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ:

 

  •          Намалување на административните бариери за влез во Македонија;
  •          Добивање на комплетни информации преку дистрибутивен систем за работењето на компаниите во кои може да се инвестира;
  •          Можност за проверка на податоци за потенцијални партнери преку нивните матични регистри (Европски Бизнис Регистар).

ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА

 

  •          Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар;
  •          Тековна состојба за субјектите на упис;
  •          Историјат за субјектите на упис;
  •          Поединечни податоци за субјектите на упис;
  •          Фотокопија од решение со прилози и збирка на исправи;
  •          Увид во регистарска влошка и збирка на исправи;
  •          Информација за регистрирана дејност;
  •          Информација за отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација.
Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.