РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРВО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД ИНДИКАТОРОТ ОТПОЧНУВАЊЕ БИЗНИС
 

Најновиот извештај „Дуинг бизнис 2015“ на Светската банка ја рангира Република Македонија на ПРВО место во Европа, а ТРЕТО место во светот, според индикаторот Отпочнување бизнис, што е во надлежност на Централниот регистар на Република Македонија. Во генералното рангирање, Република Македонија бележи напредок од едно место и е рангирана на високото 30-то место во светски рамки и 16-то место во Европа.
Повеќе...

СИСТЕМ ЗА Е-ЛИЗИНГ
 

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека на 22.10.2014 година во Централниот регистар се стави во функција Системот за Е-лизинг.
Со воспоставувањето на овој систем се овозможи електронско поднесување на пријави во регистарот за лизинг, како и целосно водење на постапките за упис, промена и бришење на лизинг по електронски пат, без потреба од физичко присуство во просториите на Централниот регистар.
Повеќе информации

 

СИСТЕМ ЗА Е-ЗАЛОГ
 

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека на 22.7.2014 година во Централниот регистар е воспоставен Системот за Е-залог.
Новиот систем за електронска регистрација на залог обезбедува целосно завршување на постапката за пријава за регистрација на залог по електронски пат, што во пракса би претставувало поедноставна процедура, намалени трошоци и зголемена ефикасност за корисниците и давателите на залог.
Повеќе информации

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ КОИ СЕ ВОДАТ КАКО БЛОКИРАНИ ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.166/2012) објавува Преглед за бришење на трговци поединци и трговски друштва кои се водат како блокирани во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации...

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ СО НЕПОТВРДЕНИ ПОДАТОЦИ

Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 7 а во врска со член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.166/2012) објавува Преглед на друштва односно субјекти на упис кои имаат статус на неактивен поради тоа што не ја потврдиле идентичноста на податоците пренесени од хартиена во електронска форма во единствениот трговски регистар согласно член 67 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица И ГИ ПОВИКУВА сите доверители и лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на овие друштва односно субјекти на упис во рок од 30 дена од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлози за ликвидација согласно Законот за трговските друштва или предлози за стечај над истите согласно Законот за стечај и за истото писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.
Повеќе информации...

 

ЕЛЕКТРОНСКА АУКЦИЈА – ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ ОД СТЕЧАЈНА МАСА

Извршена е надградба на Системот за електронско водење на стечајни постапки, со што се овозможува електронска аукција – продажба на имотот од стечајната маса на правни субјекти во стечај согласно Законот за стечај. Системот за електронско водење на стечајни постапки со сите негови компоненти е достапен преку веб локацијата „СТЕЧАЈНИ ПОСТАПКИ“ од менито „Е-УСЛУГИ“.

 

СИСТЕМ ЗА Е-РЕГИСТРАЦИЈА
И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Во Службен весник на Република Македонија број 38/2014 од 24.02.2014 е објавен Законот за изменување и дополнување на законот за трговските друштва кој стапува во сила на 04.03.2014 година.
Согласно горенаведениот закон, започнувајќи од 04.03.2014 година пријавата за упис на основање на: трговец поединец (тп), друштво со ограничена одговорност (доо) и друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (дооел) ќе се поднесуваат исклучиво електронски преку Ситемот за е-регистрација.
Пријавите за упис на основање на горенаведените субјекти на упис во хартиена форма ќе се примаат во канцелариите на Централниот регистар најдоцна до 03.03.2014 година.

 

ОБУКИ ЗА РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Со најновите законски измени на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.70/2013) е воведена нова категорија на подносител на пријави ("регистрационен агент") во Единствениот Трговски регистар преку Системот за е-регистрација. Централниот регистар на Република Македонија, како надлежна институција за издавање на овластување за регистрационен агент, спроведува обука со цел добивање на потврда за успешно завршена обука, како еден од предусловите за добивање на овластувањето. Секое лице заинтересирано за учество на обуките потребно е да поседува уверение од Министерството за финасии за сметководител или овластен сметководител и да биде вработено во трговско друштво/трговец поединец регистрирано за вршење сметководствена дејност (шифра на дејност - 69.20 - сметководствени, книговодствени и ревизорски работи; даночно советување, согласно НКД Рев. 2). Сeкој кој е заинтересиран за учество на обука, потребно е да се пријави на следната e-mail адреса: e-registracija@crm.org.mk, а при тоа да ги наведе следните податоци:

- Име, презиме и ЕМБГ на сметководителот/овластениот сметководител
- назив и ЕМБС на трговското друштво/трговец поединец
- валидна адреса на електронско сандаче
- контакт телефон.

Со почит,
Централен регистар на Република Македонија

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,
Ве информираме дека лице за контакт со граѓани, кои имаат некаков вид и степен на попреченост, со цел укажување на помош, во Централниот регистар на Република Македонија е Ѓорги Веловски - Раководител на Одделение за општи работи и комуникација со РРК/РК.
Контакт телефон: 078-490-274
e-mail: Gjorgi.Velovski@crm.org.mk

Датум на објава: 30.11.2013

НОВИ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Почитувани корисници,
Извршена е надградба на Интернет дистрибутивниот систем, со што нови производи се достапни за користење. Производите (потврди/информации) ќе може да се преземат по избор во хартиена или електронска форма. Потврдите односно информациите во електронска форма ќе може по избор на корисникот да бидат и електронски потпишани со квалификуван дигитален сертификат. Сите нови производи ќе бидат достапни од 19.11.2013 година. Повеќе информации...

БЕСПЛАТНА РЕГИСТРАЦИЈА
на ТП/ ДОО/ДООЕЛ

Централниот регистар на РМ, согласно новата воведена категорија на подносител на пријави во Единствениот Трговски регистар (регистрационен агент), овозможи бесплатен упис на ТП, ДОО/ДООЕЛ преку системот за е-регистрација.
Листата на овластени регистрациони агенти можете да ја преземете тука...

НОВА МОЖНОСТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Направена е надградба на овој систем со што е овозможено електронско плаќање и дополнување на припејд сметката на корисникот за добивање информации преку интернет.

 

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА СИСТЕМОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА Е-ПОТВРДИ

Почитувани корисници,
Од денес преку Системот за е-Потврди можете целосно електронски да нарачувате и преземате потврди/информации потребни во постапките за јавни набавки.Повеќе...

 

ЕЛЕКТРОНСКА РЕГИСТРАЦИЈА

Почитувани корисници, Ве известуваме дека е пуштен во употреба Системот за електронска регистрација кој овозможува електронско поднесување на документи за упис, промена и бришење во Трговски регистар и Регистарот на други правни лица, преку интернет со користење на електронски документи и електронски потписи Повеќе информации...

Како до веродостојни правни и финансиски податоци за правните субјекти? – Користете го Интернет дистрибутивниот систем на Централниот Регистар на Република Македонија

Преку интернет дистрибутивниот систем 24 часа на ден се достапни податоците за субјектите запишани во регистрите, кои може да се добијат во форма на информација.


Повеќе информации...
НОВОСТИ
РЕГИСТРИ
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА
Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар  повеќе...
РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ
Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето повеќе...
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР
Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација) повеќе...
РЕГИСТАР ЗА ЛИЗИНГ
Регистрацијата на документите за лизинг се врши врз основа на Договор за лизинг заверен кај нотар и Образец бр.1 – Пријава за регистрација, промена или бришење на лизинг (Тарифа и обрасци) како и останати пропратни документи повеќе...

РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ
Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија, Централниот регистар на Република Македонија го води согласно на Законот за Централен регистар  повеќе...


РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ

Согласно на Законот за Централниот регистар (Службен весник на РМ број 50/2001, 49/2003, 109/2005 и 81/2008), во Централниот регистар функционира и Регистарот на права врз недвижности повеќе...
РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Согласно на Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003, 81/2008, 24/2011 и 135/2011), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година, Централниот регистар на Република Македонија ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и повеќе...

РЕГИСТАР ЗА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ

Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува повеќе...

РЕГИСТАР ЗА КАЗНИ НА ПРАВНИ ЛИЦА

Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци повеќе...

РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ

Регистарот на задолжници е воспоставен со Законот за задолжница (Службен весник на Република Македонија бр. 59/2012) како еден од регистрите во надлежност на Централниот регистар и започна со работа на 01.09.2012 година повеќе...