НОВИ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Почитувани корисници,

 Извршена е надградба на интернет дистрибутивниот систем, со што нови производи се достапни за користење. Производите (потврди/информации)  ќе може да се преземат по избор во хартиена или електронска форма. Потврдите односно информациите во електронска форма ќе може по избор на корисникот  да бидат и електронски потпишани со квалификуван дигитален сертификат.

Формалните документи може да се преземат во рок од 7 дена.

Сите нови производи ќе бидат достапни од 19.11.2013 година.

Нови производи на користење преку ИДС:

  • Потврда за стечајна постапка;

  • Потврда за ликвидациона постапка;

  • Потврда за регистрирана дејност;

  • Информација за кривична судска одлука;

  • Потврда за споредна казна на правно лице –трајна забрана за вршење на одделна дејност;

  • Потврда за прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност - (за физичко лице во рамките на правно лице);

  • Потврда за прекршочна санкција - забрана на вршење професија, дејност или должност - (за правно лице);

  • Потврда за прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност на правно лице;

  • Потврда за споредна казна на правно лице – привремена забрана за вршење на одделна дејност;

  • Потврда за споредна казна на правно лице - забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство;

  • Извештај од биланс на состојба и биланс на успех - новооснован субјект;

  • Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – нема деловна активност;

  • Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – нема доставено годишна сметка;

  • Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех;

  • Листинг од обработена годишна сметка.

За да станете регистриран корисник на интернет дистрибутивен систем кликнете овде или може да се информирате во Одделението за маркетинг и односи со јавност.

Контакт:

E-mail: marketing@crm.org.mk
Телефони: + 389 2 3288-291, 078/490-940

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.