Информации за трговските друштва и трговци поединци

 Информации за трговските друштва и трговци поединци - потребни документи при поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, од новата кредитна линија на Развојната банка, наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори

 Почитувани,

Согласно јавниот повик на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите, Централен регистар Ве информира дека потребните документи од Централен регистар, кои согласно барањата во постапката потребно е да ги поднесете, сите подносители можат да ги извадат и по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/ , корисниците на Интернет Дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил, а исто така можете да ги добиете и во хартиена форма, на шалтерите на Централниот регистар.

-          Тековна состојба,

-          Листинг од обработена годишна сметка / завршна сметка за фискалната 2019 година,

-          Потврда за стечајна постапка,

-          Потврда за ликвидациона постапка,

-          ЗП образец од Централен регистар – образецот е достапен на следниот линк:
http://www.crm.com.mk/DS/download/Registers_document_forms/Obrasci_za_upis/Elektronsko_popolnuvanje/ZPe.pdf

Листа на дејности од НКД кои може да аплицираат за кредитната линија

Шифра

Н а з и в

49.10  

  Патнички железнички транспорт, меѓуградски

  49.41

  Товарен патен транспорт

52.21  

  Услужни дејности поврзани со копнениот превоз

52.24  

  Претовар на товар

52.29  

  Останати придружни дејности во превозот

55.1  

  Хотели и слични објекти за сместување

55.10  

  Хотели и слични објекти за сместување

55.2  

  Одморалишта и останати објекти за пократок престој

56.1  

  Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана

56.10  

  Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана

56.29 

  Останати услуги за подготвување и служење на xрана

56.3 

  Подготовка и послужување на пијалаци

79.1 

  Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)

79.11 

  Дејности на туристичките агенции

79.12 

  Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)

 

 Контакт броеви на Централен регистар: 02/3288-100

 Техничка поддршка: +389 2 3288-298

Теничка помош 02/3288-601

Интернет дистрибутивен систем (е-потврди)

Контакт - Одделение за маркетинг и односи со јавност

 Тел: 078/490-940

marketing@crm.org.mk

Reklamacii@crm.org.mk

 

РРК Тетово 078/490-079 и 078/490-092

РРК Охрид 078/490-158 и 078/490-027

РРК Битола 078/490-192, 078/490-173

РРК Прилеп  078/490-216

РРК Велес  078/490-116

РРК Штип 078/490-244 и 078/490-239

РРК Струмица 078/490-281

РРК Куманово 078/490-137 и 078/490-134

РРК Кочани 078/490-190

РРК Скопје +389 2 3288-230 / 3288-232

 
Информации за останатите потребни документи и подетални информации поврзани со кредитната линија, можете да добиете на веб страницата на Развојната банка на Северна Македонија https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2

 

Со Почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија

 

 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.