СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Соопштение за прием на годишни сметки,

  Ги известуваме сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РСМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година, во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), како и на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

    Микро и мали субјекти кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година.

    На 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), како и на 15.03.2019 (петок) година со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар на Р. Северна Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2018 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

-    Кратово - во објектот на Општина Кратово

-    Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар

-    Крушево - во објектот на Уни банка

Со почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија

 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.