ПАКЕТ ПРОИЗВОДИ НА ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Централниот регистар на Република Македонија, како дел од антикризните мерки на Владата на РМ воведе нови пакети на информации по намалени цени. Користењето на информациите ќе биде овозможено само преку дистрибутивниот систем, односно преку интернет (online) со едноставен и брз web пристап до податоци на Централниот регистар.

На располагање се следниве пакети на информации:

  • Скратени искази од годишни сметки. Вредноста на пакетот на информации изнесува 8.000,00 денари на годишно ниво.
  • Скратени искази од годишни сметки и информации по сопственик правно лице од заложниот регистар. Вредноста на пакетот на информации изнесува 10.000,00 денари на годишно ниво.
  • Скратени искази од годишни сметки, информации по сопственик правно лице од заложниот регистар и информации по корисник правно лице од регистарот на лизинг. Вредноста на пакетот на информации изнесува 15.000,00 денари на годишно ниво.

Корисниците на горенаведените пакети ќе имаат можност да добијат до 500 информации месечно и истовремено не можат да користат повеќе од еден пакет.

Договор за користење на пакет информации Преземи (Скратени искази од годишни сметки)

Договор за користење на пакет информации Преземи (Скратени искази од годишни сметки и информации по сопственик правно лице од заложниот регистар)

Договор за користење на пакет информации Преземи (Скратени искази од годишни сметки, информации по сопственик правно лице од заложниот регистар и информации по корисник правно лице од регистарот на лизинг)

Контакт:
Одделението за маркетинг и односи со јавност

на тел.
078 490 940, 02 3 2880100
Или на е-маил: marketing@crm.org.mk

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.