ПРОИЗВОДИ НА ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ
За да започнете да го користите интернет дистрибутивниот систем потребно е да:
 
  • Потпишете договор за користење со Централниот регистар; преземи

    Ве молиме во точка 2 во договорот електронски да ги пополните потребните податоци за корисникот и во член 14 електронски да го пополните полето во кое треба да се наведе лице за контакт, телефонски број и валидна e-mail адреса на лицето за контакт.
     
  • Уплатите 5.000,00 денари (пет илјади денари), од коишто автоматски по секоја пребарана информација-производ ќе се одбива надоместок согласно со Тарифата на Централниот регистар;
Банки Сметки
Стопанска банка АД Битола 500000000564373
Стопанска банка АД Скопје 200000810380672
ТТК банка АД Скопје 290100000070565
Тутунска банка АД Скопје 210055498500119
Уни банка АД Скопје 240010001589325
Халк банка АД Скопје 270055498500126
ПроКредит Банка АД 380127943505189
Комерцијална Банка 300000004130296

Во цел на дознака да се наведе Уплата за интернет дистрибутивен систем.

  • Креирате кориснички налог во системот за централизирано најавување на корисници; https://e-submit.crm.com.mk/sso
  • Побарате пристап до апликацијата - Дистрибутивен систем.
 
Централниот регистар одобрува пристап на едно лице (Лицето за контакт наведено во Договорот) во улога на контролор, а контролорот доделува/одзема пристап на потконтролори и регуларни корисници.
 
Централниот регистар на Република Македонија, како дел од антикризните мерки на Владата на РМ воведе нови пакети на информации по намалени цени. Користењето на информациите ќе биде овозможено само преку дистрибутивниот систем, односно преку интернет (online) со едноставен и брз веб пристап до податоци на Централниот регистар. Повеќе информации...

Производи на Дистрибутивен систем:

  • Тековна состојба;
  • Историјат;
  • Банкарски сметки;
  • Скенирани документи;
  • Скратен исказ од годишни сметки (за вид на работа 450);
  • Потврда за стечајна постапка;
  • Потврда за ликвидациона постапка;
  • Потврда за регистрирана дејност;
  • Информација за кривична судска одлука;
  • Потврда за споредна казна на правно лице – трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • Потврда за прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност - (за физичко лице во рамките на правно лице);
  • Потврда за прекршочна санкција - забрана на вршење професија, дејност или должност - (за правно лице);
  • Потврда за прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност на правно лице;
  • Потврда за споредна казна на правно лице – привремена забрана за вршење на одделна дејност;
  • Потврда за споредна казна на правно лице - забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство;
  • Извештај од биланс на состојба и биланс на успех - новооснован субјект;
  • Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – нема доставено годишна сметка;
  • Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех;
  • Листинг од обработена годишна сметка (за вид на работа 450 и 550);
  • Потврда за залог и лизинг

Нарачаните формални документи може да се преземат во рок од 7 дена од нивното генерирање.

 
Кориснички упатства:
 
Контакт:
Одделение за маркетинг и односи со јавност
 
Тел: 078/490-940, 02/3288-100
е-маил: marketing@crm.org.mk
Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.