Известување за промени во однос на начинот на издавање на Тековната состојба преку Системот за е-потврди и Интернет Дистрибутивниот систем

 Почитувани Корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија,

Започнувајќи од 28.04.2017 година, Ве известуваме дека ќе настанат промени во однос на начинот на издавање на Тековната состојба преку Системот за е - потврди и Интернет Дистрибутивниот систем како резултат на имплементација на барањата за прикажување/не прикажување на ЕМБГ договорени со Дирекцијата за заштита на лични податоци, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Македонија број  7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015, 99/2016).

Промените во Тековната состојба се однесуваат на видливоста на податокот ЕМБГ за актерите на субјектот, односно ќе се генерира Тековна состојба - Тековна состојба со можност за криење и приказ на ЕМБГ, кај која постои опција, односно можност за прикажување или криење на ЕМБГ на актерите на субјектот во зависност од тоа дали барателот внел или не внел податок за ЕМБГ кој соодветствува на ЕМБГ на некој од тековните актери на субјектот.

  1. Начин на работа во Системот за е-потврди:

Начинот на пристап до производите останува ист.

При изборот на производот со назив Тековна состојба, покрај поле за внес на ЕМБС ќе постои и поле за внес на ЕМБГ.  Доколку се внесе податок во полето за ЕМБГ кој што е наведен во барањето за тековна состојба и кој соодветствува на ЕМБГ на некој од тековните (не избришани) актери на субјектот автоматски ќе се  издаде Тековна состојба со приказ на ЕМБГ на секој од актерите на субјектот.

Доколку  во полето за ЕМБГ не се внесе или се внесе неточен ЕМБГ кој што е наведен во барањето за тековна состојба, односно ЕМБГ кој не постои во тековните (не избришани) актери на субјектот автоматски ќе се издаде Тековна состојба без приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот.

  1. Барање за издавање на Информации од Трговски регистар и Регистарот на други правни лица:

Како резултат на горенаведените промени се направи промена и на самото Барање за издавање на Информации од Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица во насока на сублимирање на сите Информации/Потврди кои се издаваат од двата регистри на едно барање (образец) и истото дополнето со Изјава за заштита на личните податоци.

Барањето ќе биде достапно во хартиена форма за поднесување на шалтер, како и за избор преку веб страната на Централниот регистар.

  • При поднесување на Барање за издавање на Тековна состојба со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внесен е дополнителен критериум – валиден ЕМБГ), подносителот е потребно да приложи на увид документ за лична идентификација како референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој се бара издавање на Тековната состојба. Доколку пак, подносителот на Барањето не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој се бара издавање на Тековната состојба, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој се бара издавање на Тековната состојба. Во случај да горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Тековна состојба без приказ на ЕМБГ.
  1. Издавање на Тековна состојба:
  1. Поднесено барање преку Системот за е-потврди за издавање на Тековна состојба во хартиена форма:
  • Доколку корисникот избрал Тековна состојба и тоа Тековна состојба со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внел дополнителен критериум –валиден ЕМБГ) и доколку истата е нарачана за преземање во хартиена форма, при идентификација на лицето кое ја презема од шалтерите на ЦР потребно е да приложи на увид документ за лична идентификација при што референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој е издадена Тековната состојба со приказ на ЕМБГ.
  • Доколку пак, лицето кое ја презема Тековната состојба од шалтерите на ЦР не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој е издадена Тековната состојба, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој е издадена Тековната состојба со приказ на ЕМБГ. Во случај горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Тековна состојба без приказ на ЕМБГ.
  1. Поднесено хартиено барање за издавање на Тековна состојба:
  • Доколку корисникот избрал Тековна состојба со приказ на ЕМБГ на актерите на субјектот (внел дополнителен критериум –валиден ЕМБГ), при издавање на Тековната состојба потребно е да приложи на увид документ за лична идентификација како референтот за регистрација би можел да провери дека истото лице е со својство на актер во субјектот за кој е издадена Тековната состојба.
  • Доколку пак, лицето кое ја презема Тековната состојба за кое е претходно поднесено барање за издавање на Тековна состојба со приказ на ЕМБГ не е во својство на некој од актерите на субјектот за кој е издадена Тековната состојба, потребно е покрај документ за лична идентификација да приложи и Полномошно издадено од страна на некој од актерите на субјектот за кој е издадена Тековната состојба. Во случај да горенаведеното лице не го приложи бараното Полномошно, ќе се издаде Тековна состојба без приказ на ЕМБГ.
Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.