СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛА НА НОСИТЕЛОТ НА ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.

Самата контрола ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за спроведување на истата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка на:

- на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку Системот за е - регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрациониот агент од субјектот на упис,

- на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,

- во постапувањето согласно со членот 82 став (4) од Законот за трговските друштва.

Преглед на субјекти - предмет на контрола, март 2017

Адвокати

Сметководители

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.