СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите 25.02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот, 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) од 08:00 до 20:00 часот.

     За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2017 година.

    На 27.02.2017 – (понеделник) и  28.02.2017 – (вторник) со работно време од 08:00часот – 16:00часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2016 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

-    Кратово - во објектот на Општина Кратово

-    Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар

-    Крушево - во објектот на Уни банка

Со почит,
Централен регистар на Република Македонија

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.