УПАТСТВО

За регистрација на учесниците во изборната кампања на Вонредните/Предвремените парламентарни  избори 2016 во функција на обезбедување на ЕДБ и Трансакциска сметка за изборна кампања

Член 1

Со ова упатство се регулира начинот и постапката за регистрација на учесниците во изборната кампања на Вонредните/Предвремените парламентарни  избори во Република Македонија 2016 година во Регистарот-Вонредни парламентарни избори 2016 година ( во понатамошниот текст Регистар) при Регистарот на други правни лица, а со цел за остварување на обврските определени со член 71 од Изборниот законик(Службен весник на Република Македонија бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, и 142/2016)

 

Член 2

                Учесници кои се регистрираат во Регистарот- Вонредни парламентарни  избори 2016 година (во натамошниот текст: Вид на субјект на упис) се:

  • Политичка партија
  • Коалиција
  • Носител на независна листа од група избирачи.

 

Член 3

Регистрацијата на субјектите од член 2 се врши врз основа на поднесена пријава од овластеното лице/претставник на пропишан образец ( ПО- пријава за основање ) и соодветни прилози кон пријавата за упис.

Пријавата за регистрација од став 1 на овој член се поднесува во една од Регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар на Република Македонија.

 

Член 4

                Во пријавата за упис ( ПО ) задолжително се пополнуваат следните полиња:

 

  1. Подносител -податоци за лицето кое ја доставува пријавата ( точка 1 од ПО )
  2. Вид на субјект на упис во Регистарот на други правни лица ( точка 2.2 од ПО )
  3. Фирма ( назив ) на субјектот на упис (точка 3 од ПО )
  4. Скратен назив на субјектот на упис (точка 4 од ПО )
  5. Акт за основање ( точка 5.1 од ПО )
  6. Времетраење ( точка 5.2 од ПО )
  7. Седиште на субјектот на упис ( точка 6 од ПО )
  8. Орган на застапување, управување и надзор -регистар на други правни лица (точка 9.2 од ПО)
  9. Предмет на работење ( точка 10 од ПО )
  10. Подрачје на работење ( точка 12 од ПО)
  11. Претежна дејност по предлог на субјектот на упис ( точка 15 од ПО )
  12. Избор на банка во која се отвора првата сметка ( точка 16 од ПО )
  13. Други податоци ( точка 17 од ПО )-задолжителен податок за Е-mail адреса

 

Во пријавата ( ПО ) задолжително се наведуваат и прилозите кои се доставуваат со истата.

 

Член 5

Во полето Подносител -податоци за лицето кое ја доставува пријавата ( точка 1 од ПО ) се внесуваат податоци за лицето овластено за застапување/претставување на колацијата, политичката партија или носител на независна листа или во негово име лице што тој ќе го овласти за поднесување на пријавата.

 

 

               

Член 6

Во полето Вид на субјектот на упис се штиклира  кодот "друго" и на празната линија се внесува коалиција, политичка партија и носител на независна листа.

 

Во полето Фирма ( назив ) на субјектот на упис (точка 3 од ПО ) освен називот/името на политичката партија, коалицијата или носителот на независна листа задолжително треба да бидат содржани и зборовите:

  • Изборна кампања 2016 година, како и податок за изборната единица на чие подрачје ќе дејствува.

Називот/Името од став 1 на овој член мора да биде идентичен со називот/името  определени во договорот за коалицирање односно изјавата на волја согласно член 71 од Изборниот законик.

Во полето Скратен назив на субјектот на упис ( точка 4 од ПО ) се внесува скратениот назив доколку е определен во договорот за коалицирање односно изјавата на волја.

Пример:Коалиција ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија -Изборна кампања 2016.

Скратен назив: Коалиција ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Изборна кампања 2016.

 

Член 7

Во полето Акт за основање ( точка 5.1 од ПО ) се внесува договор за коалицирање односно изјава на волја, број и датум на нотарската заверка на истите.

Во полето Времетраење ( точка 5.2 од ПО ) се внесува- "ограничено времетраење".

Во полето седиште се внесува службеното седиште на субјектот на упис, односно официјалната  адреса и место на која ќе стига службена кореспонденција.

 

Член 8

Во полето Орган на застапување, управување и надзор -регистар на други правни лица (точка 9.2 од ПО) се внесуваат податоците на лицето овластено за застапување определено со договорот за коалицирање односно изјавата на волја.

                                                               

Член 9

Во полето Предмет на работење ( точка 10 од ПО ) и во полето Претежна дејност по предлог на субјектот на упис ( точка 15 од ПО ) се внесува шифра на дејност согласно Националната класификација на дејностите НКД Рев.2:

- 94.92- дејности на политички организации.

Во полето Подрачје на работење ( точка 12 од ПО) се внесува Во полето Подрачје на работење ( точка 12 од ПО) се внесува-на територијата на Република Македонија и во дипломатско-конзуларните претставништва на Република македонија во Европа и Африка,во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Член 10

Во полето Избор на банка во која се отвора првата сметка ( точка 16 од ПО ) се внесува називот на носителот на платен промет каде субјектот на упис отвара сметка.

Субјектот на упис по добивањето на решението за упис на основање од Централниот регистар на Република Македонија во рокот определен со закон ја известува надлежната изборна комисија за доделениот ЕДБ и бројот на трансакциската сметка.

Истовремено, овластеното лице за застапување на субјектот на упис е должен до носителот на платен промет каде е отворена сметката да достави заверен потпис ( ЗП образец ) заради активирање на истата.

 

Член 11

Кон пријавата за упис подносителот задолжително доставува:

  • договор за коалицирање односно изјава на волја заверена кај нотар во оргинал или заверен препис;
  • фотокопија од лична карта на лицето овластено за застапување
  • доказ за уплатен надоместок за регистрација согласно Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија

 

Член 12

Централниот регистар на Република Македонија врз основа на поднесената пријава и прилозите кон неа врши упис во Регистарот согласно прописите за едношалтерскиот систем.

 

Член 13

Во Регистарот се запишуваат податоци за:

  • Единствен матичен број на субјектот на упис ( ЕМБС )
  • Единствен даночен број ( ЕДБ )
  • Број и банка на трансакциската сметка
  • називот/името на субјектот на упис
  • скратениот назив/името
  • седиште на субјектот на упис
  • акт за основање
  • времетраење
  • податок за овластено лице за застапување
  • подрачје на работење
  • претежна дејност и предмет на работење
  • податок за адреса на електронско сандаче

 

Член 14

Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис, на субјектот на упис му издава решение за упис на основање со податоци согласно член 13.

Решението од став 1 на овој член има декларативен карактер.

               

Член 15

                Во регистарот се запишува и секоја промена на податоците определени со член 13 од ова Упатство.

 

 

Член 16

            Бришењето на субјектите од член 2 на ова упатство се врши врз основа на пријава за бришење(образец ПБ) поднесена од овластеното лице. Кон пријавата приложува извештај за состојбата на трансакциската сметка на субјектот издаден од носителот на платен промет во кој е отвотена сметката и доказ за уплатен надоместок за бришење согласно Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија. Субјектот ке биде избришан доколку состојбата на сметката е 0(нула) или е затворена.(При уписот на бришењето салдото на трансакциската сметка не смее да биде позитивно или негативно).

 

 

01.11.2016  година                                                                           

Централен регистар на      Република Македонија

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.