ОСТАНАТИ СООПШТЕНИЈА ОД ТРГОВСКИОТ РЕГИСТАР

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ СУБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Централниот регистар на Република Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015 и 6/2016), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.
Повеќе информации

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ СО УТВРДЕН СТАТУС НЕАКТИВЕН ЗА 2009, 2010 И 2011 ГОДИНА

Централниот регистар на Република Македонија објавува Преглед на трговци поединци и трговски друштва за кои од Управата за јавни приходи е утврден стстус на неактивен согласно член 477-а од Зaконот за трговските друштва, за деловната 2009,2010 и 2011 година, над кои ќе биде спроведена постапка за бришење согласно со член 552-а, од истиот Закон.
Повеќе информации

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ КОИ СЕ ВОДАТ КАКО БЛОКИРАНИ ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.166/2012) објавува: Преглед за бришење на трговци поединци и трговски друштва, кои се водат како блокирани во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации...

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ СО НЕПОТВРДЕНИ ПОДАТОЦИ

Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 7-а во врска со член 11, од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“, бр.166/2012) објавува: Преглед на друштва односно субјекти на упис кои имаат статус на неактивен поради тоа што не ја потврдиле идентичноста на податоците пренесени од хартиена во електронска форма во единствен Трговски регистар согласно со член 67, од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и ГИ ПОВИКУВА сите доверители, лицата, како и органите овластени за управување, застапување и надзор на овие друштва односно субјекти на упис во рок од 30 дена од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлози за ликвидација согласно со Законот за трговските друштва или предлози за стечај над истите, согласно со Законот за стечај и за истото писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.
Повеќе информации...

 

СИСТЕМ ЗА Е-РЕГИСТРАЦИЈА
И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Во „Службен весник на Република Македонија“, број 38/2014 од 24.02.2014 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва кој стапува во сила на 04.03.2014 година.
Согласно со горенаведениот закон, започнувајќи од 04.03.2014 година пријавата за упис на основање на: трговец поединец (ТП), друштво со ограничена одговорност (ДОО) и друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ) ќе се поднесуваат исклучиво електронски преку „Ситемот за е-регистрација“.
Пријавите за упис на основање на горенаведените субјекти на упис во хартиена форма ќе се примаат во канцелариите на Централниот регистар најдоцна до 03.03.2014 година.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.