Соопштение за подносителите на финансиски извештаи 

Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 12 мај, 2020, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, објавена од страна на Владата во „Службен весник на РСМ“ бр.123/20.

Согласно уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

За дополнителни информации, контактирајте го Централниот регистар и регистарот на годишни сметки:

godishnismetki@crm.org.mk

Контакт тел. за годишни сметки

РРК Тетово 078/490-079 и 078/490-092

РРК Охрид 078/490-158 и 078/490-027

РРК Битола 078/490-192, 078/490-173

РРК Прилеп 078/490-216

РРК Велес 078/490-116

РРК Штип 078/490-244 и 078/490-239

РРК Струмица 078/490-281

РРК Куманово 078/490-137 и 078/490-134

РРК Кочани 078/490-190

РРК Скопје +389 2 3288-210 / 2 3288-295

Со Почит


Почитувани корисници на услугите на Централен регистар,

Владата на РСМ, на седницата, одржана на 22 април 2020 година, донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време.

Согласно наведената Одлука се менува и распоредот на работното време во Централниот регистар на РСМ, кое се утврдува од понеделник до петок со почеток на работното време во 08:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот.

Ваквиот начин на утврдено работно време ќе почне да се применува од денес 23.04.2020 година.


Скратено работно време на Централен регистар на Република Северна Македонија

 Почитувани Корисници,

Започнувајќи од среда - 08.04.2020 година, работното време на Регионалните Регистрациони Канцеларии и Регистрационите Канцеларии на Централен регистар ќе биде од 08:00 до 14:00 часот, во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија за посебен режим на движењето на граѓаните на територијата на целата држава.

Работното време на Регистрационите канцеларии на Централниот регистар на РСМ: РК Македонски Брод, РК Виница, РК Делчево, РК Берово, РК Валандово, РК Крива Паланка, РК Пробиштип и РК Неготино е од 09:00 дo 13:00 часот.

Ве молиме, доколку имате потреба од Централен регистар, слободно да н? контактирате.

Ние сме тука за Вас.

Контакт броеви на Централен регистар: 02/3288-100

Техничка поддршка: +389 2 3288-298

Теничка помош 02/3288-601

Интернет дистрибутивен систем (е-потврди) Контакт - Одделение за маркетинг и односи со јавност

 Тел: 078/490-940

marketing@crm.org.mk

Reklamacii@crm.org.mk

РРК Тетово 078/490-079 и 078/490-092

РРК Охрид 078/490-158 и 078/490-027

РРК Битола 078/490-192, 078/490-173

РРК Прилеп  078/490-216

РРК Велес  078/490-116

РРК Штип 078/490-244 и 078/490-239

РРК Струмица 078/490-281

РРК Куманово 078/490-137 и 078/490-134

РРК Кочани 078/490-190

РРК Скопје +389 2 3288-230 / 3288-295

Со Почит


Скратено работно време на Регионална Регистрациона Канцеларија Куманово

Почитувани Корисници,

Започнувајќи од понеделник - 06.04.2020 година, работното време на Регионалната Регистрациона Канцеларија Куманово ќе биде од 08:00 до 13:00 часот, во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија за посебен режим на движењето на населението во Општина Куманово.

За информации и помош од Централниот регистар - РРК Куманово, Ве молиме да се обратите на контакт броевите:

078/490-137 и 078/490-134

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно  член 477 и 552а од истиот Закон, од причина што Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.(статус неактивен за 2015, 2016 и 2017 година)

Преглед на субјекти

Датум на објава 2 Април 2020 година

Времетраење на објавата на Соопштението до 2 Април 2021 година

Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 Доколку во рокот од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот за кои е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, и во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Централен Регистар на Република Северна Македонија

 

Информации за трговските друштва и трговци поединци
- потребни документи при поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, од новата кредитна линија на Развојната банка, наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори

Почитувани,
Согласно јавниот повик на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите, Централен регистар Ве информира дека потребните документи од Централен регистар, кои согласно барањата во постапката потребно е да ги поднесете, сите подносители можат да ги извадат и по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/, корисниците на Интернет Дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил, а исто така можете да ги добиете и во хартиена форма, на шалтерите на Централниот регистар.

Повеќе информации

 

Почитувани Корисници

При поднесување на пријави за упис на основање, промени и бришење на трговски друштва и трговци поединци во единствениот трговски регистар преку системот за Е- регистрација, при изборот на начин на превземање на решенијата за упис, Ве молиме да ја одберете опцијата ПРЕЗЕМАЊЕ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА, (не во харитена форма), со цел се редуцира физичката присутност на шалтерите во затворени простории за времетраењето на мерките за заштита и превенција од ковид-19.

Ви благодариме на разбирањето

 

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Почитувани,

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.

До моментов, во Централен регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки.

Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година  изнесуваше 88.000.

Иако 95% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

 

Соопштение за корисниците на услугите на Централен регистар за превенција од вирусот covid-19

Почитувани Корисници,

Согласно заклучоците на 15-та редовна седница Владата на Република Северна Македонија и информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи и за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Ве информираме дека Централниот регистар на Република Северна Македонија се вклучува во превенција од вирусот и апелираме во следниот период почесто да се  користат електронските услуги на Централниот регистар, а физичката посета на шалтерите да биде направена само во случај на неодложна работа.

Воедно, Ве информираме дека ќе биде засилена телефонската и техничката поддршка од страна на сите вработени на Централниот регистар, со цел заеднички да се вклучиме во заштита и превенција од вирусот.

Линкови до е-услугите на Централен регистар:

Е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/

Дистрибутивен систем http://www.crm.com.mk/DS/Default.aspx?MainId=9&nId=12

Е-регистрација http://e-submit.crm.com.mk/eFiling/redefault.aspx

За сите дополнителни потреби, обратете се на официјалниот контакт број: 02/3288-100

За информации и техничка помош од страна на Централниот регистар, контактирајте не на следниве e-mail адреси или директно на телефонските броеви:

e-registracija@crm.org.mk

Техничка поддршка: +389 2 3288-298

Правна поддршка: 078-490-080; 078-490-267

e-podnesisam@crm.org.mk

Теничка помош за е-поднеси сам 02/3288-601

godishnismetki@crm.org.mk

Контакт тел. за годишни сметки

РРК Тетово 078/490-079 и 078/490-092

РРК Охрид 078/490-158 и 078/490-027

РРК Битола 078/490-192, 078/490-173

РРК Прилеп 078/490-216

РРК Велес 078/490-116

РРК Штип 078/490-244 и 078/490-239

РРК Струмица 078/490-281

РРК Куманово 078/490-137 и 078/490-134

РРК Кочани 078/490-190

РРК Скопје +389 2 328829

Интернет дистрибутивен систем (е-потврди)

Контакт - Одделение за маркетинг и односи со јавност

Тел: 078/490-940

marketing@crm.org.mk

Reklamacii@crm.org.mk

Со Почит,


 

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ И ТРГОВСКИ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

 

Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18  и  120/18), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.

 

Повеќе информации


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ги известуваме сите учесници во изборната кампања на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година дека постапката и начинот на обезбедување на Единствен даночен број и Трансакциска сметка за изборната кампања, обврска која произлегува од член 10 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.142/2012) е уреден со соодветно упатство.

Повеќе информации


Е-поднеси сам / Е-регистрација на ДООЕЛ и ТП

Почитувани,

Сите оние кои имаат потреба од дополнителна помош при користење на системот за е-регистрација при основање на ДООЕЛ и ТП во Централен регистар, можат да ја следат десктоп презентацијата со детални чекори, во која е презентиран целата постапка.

https://www.youtube.com/watch?v=u9FiuqvZsA8&feature=youtu.be

За информации и техничка помош од страна на Централниот регистар, контактирајте не на следниве e-mail адреси или директно на телефонските броеви:

e-registracija@crm.org.mk

Техничка поддршка: +389 2 3288-298

Правна поддршка: 078-490-080; 078-490-267

e-podnesisam@crm.org.mk

Теничка помош за е-поднеси сам 02/3288-601

Доколку имате потреба од дополнителна помош за потпишување на документи со дигитален потпис, следете ја презентацијата на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=VbT55hxLMlY&feature=youtu.be

Ви благодариме што ги користите услугите на Централен регистар


Известување за обврзниците за поднесување на годишни сметки

Почитувани,

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на Република Северна Македонија ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, во деновите 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020(петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година од 08:00 до 20:00 часот.

Микро и мали субјекти  кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година.

На 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020 (петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година за самостојните вршители на дејност, со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

-    Кратово - во објектот на Општина Кратово

-    Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар

-    Крушево - во објектот на Уни банка

Воедно, ги известуваме самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи да се достави согласно новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност (Сл.весник на РСМ бр.21/20) .

Со почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија


 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ СОГЛАСНО ЧЛЕН  552 а, ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 552 б ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

 

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва(Сл. Весник на РСМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18 и 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење во врска со член 552-б од истиот закон, поради тоа што: до 31.12.2019 година до Централниот регистар на Република Северна Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2018 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица(Сл .Весник на РСМ бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16, 98/19) и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Напомена:  Централниот регистар на Република Северна Македонија се до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од истиот ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или согласно член 18  од Законот за трговските друштва.

 Преглед на субјекти

 Датум на објава: 30.01.2020 година

Времетраење на објавата до 30 јануари 2021 година.

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛА НА НОСИТЕЛОТ НА ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (Сл. Весник бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.

Самата контрола, започнувајќи од 18.11.2019 (понеделник) – до 29.11.2019 (петок) ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за спроведување на истата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка на:

- на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку Системот за е - регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрациониот агент од субјектот на упис,

- на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,

- во постапувањето согласно со членот 82 став (4) од Законот за трговските друштва.

Список на регистрациони агенти  / контрoла – ноември, 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

Список на субјекти:

1.       Друштво за трговија и услуги АТЛАС Ненад ДООЕЛ Скопје со ЕМБС:4269128 со седиште на бул.АСНОМ бр.68/1 Скопје Кисела вода,

2.       Друштво за сметководствени, книговодствени и ревизорски работи, даночно советување ТОРУС КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС:6866344 со седиште на Бул.8-ми Септември бр.18 Скопје Карпош,  

3.       Друштво за трговија и услуги ТИМ МЕДИА МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје со ЕМБС: 6676898 и седиште на Бул.Јане Сандански бр.9А/2 лок.19 Скопје Аеродром,

4.       Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ИНТЕР-ЈОРД ДООЕЛ увоз-извоз Кратово со ЕМБС: 6093949 и седиште на Ул.Планинска бр.17 Кратово.

Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Доколку во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Датум на објава – 10.05.2019 година

 

ПОДНЕСИ ПРИЈАВА ЗА УПИС БЕЗ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ!

Само преку неколку чекори, како физичко лице, можеш и сам, да поднесеш пријава за упис преку Системот за е-регистрација на Централниот регистар

  • Креирај кориснички налог
  • Обезбеди Дигитален сертификат (потпис)
  • Подготви ги потребните документи
  • Поднеси пријава за упис

Креирај кориснички налог...

Повеќе информации

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ И ТРГОВСКИ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18  и  120/18), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.

Повеќе информации

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

Список на субјекти:

1. Друштво за трговија, транспорт и услуги ГОЛД ТРИП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 6527809 и седиште на Ул. ДОБРОМИР ХРС Бр.35 СКОПЈЕ - КИСЕЛА ВОДА

2. Друштво за услуги, производство,трговија на големо и мало ТЕЛЕПИЦА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 5867673 и седиште на Ул. ДРЕЗДЕНСКА Бр.15/2-20 СКОПЈЕ – КАРПОШ

3. Друштво за трговија и услуги ЛАЛЕ КОМЕРЦ - ЛАКИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 6570445 и седиште на Ул. 203 Бр.57 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГАЗИ БАБА

4. Друштво за трговија и услуги ЛАЛЕ КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје со ЕМБС 4572335 и седиште Ул. 203 Бр.57 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГАЗИ БАБА...

Повеќе информации

 Датум на објава: 01.03.2019 година

 

СООПШТЕНИЕ ЗА  ПРИЕМ НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Ги известуваме сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РСМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година, во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), како и на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

Повеќе информации

САЛА ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ

Почитувани корисници на услугите на Централен регистар,  

     Ве информираме дека почнувајќи од 20.02.2019, со официјалното отворање на Салата за јавни услуги, (поранешна шалтер сала на Комерцијална банка), од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија, во Салата за јавни услуги, ќе може да ги добиете следниве услуги:

-Тековна состојба на субјект на упис

-Историјат на субјект на упис од 01.01.2006

-Поединечен податок (управител, сопственик, адреса, даночен број, сметка, историјат на сметка...)

-Потврда за регистрирана дејност ...

Повеќе информации


СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ СОГЛАСНО ЧЛЕН  552 а, ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 552 б ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

 

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва(Сл.Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18 и 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење во врска со член 552-б од истиот закон, поради тоа што: до 31.12.2018  година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2017 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица(Сл.Весник на РМ бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Напомена:  Централниот регистар на Република Македонија се до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од истиот ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои согласно член 552 б став 3 од Законот за Трговски друштва ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот, како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или согласно член 18  од Законот за трговските друштва.

 Преглед на субјекти

 Датум на објава: 30.01.2019 година

Времетраење на објавата до 30 јануари 2020 година.

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред. Список на субјекти:

Список на субјекти:

- Друштво за производство,промет и услуги ХОДА ТЕКС увоз-извоз ДООЕЛ Скопје со ЕМБС 5929997, улица Менделеева бр. 1, општина Чаир, Скопје, со ЕМБС 5929997 и ЕДБ 4030004530544

Повеќе информации

Датум на објава - 31.12.2018

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

Список на субјекти:

- Трговец-поединец НУРО Земјоделец ТП Нуредин Ахмет Реџепи Скопје со ЕМБС 5708397, улица Китка бр. 1 Драчево , општина Кисела вода, Скопје, со ЕМБС 5708397 и ЕДБ 5030002220282
- Друштво за трговија и услуги ГРОТЕКС-ДУЌАНЏИК ДОО Скопје со ЕМБС 5780373, улица Војдан Чернодрински бр.8, општина Центар Скопје, со ЕМБС 5780373 и ЕДБ 4030003484115
- Друштво за производство,промет и услуги ФИМА Бобо ДООЕЛ Скопје со ЕМБС 5041376, улица Самоилова бр.56, општина Центар Скопје со ЕМБС 5041376 и ЕДБ 4030995211603

Повеќе информации

Датум на објава - 09.11.2018

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани Корисници на системот за е-регистрација,

Со новата надградба на системот потпишувањето на пријава во системот за е-поднесување во Трговскиот регистар е без користење на JAVA. За да може корисникот да потпише потребно е да има инсталирано еден од следните прелистувачи:

• GoogleChrome, минимум верзија 29 или најнова
• Opera, минимум верзија 16 или најнова
• Mozilla, минимум верзија 52 или најнова
• Microsoft Edge инсталиран на Windows 10 со најнов update.
 

На следниот линк се наоѓа целосното упатство за дигитално потпишување на пријава http://e-submit.crm.com.mk/eFiling/redefault.aspx - во информативни содржини.

 

Известување во врска со поднесување на Пријави од регистрациони агенти преку системот за
Е- регистрација

Почитувани корисници,

Централниот регистар на Република Македонија Ве известува дека изврши надградба на системот за Е- регистрација преку кој се поднесуваат пријавите за упис на основање, промени и бришења на друштва согласно Законот за трговски друштва. Имено во електронската Пријава за упис, во листата за избор на тип на прилог, додадени се нови типови на прилози во кои регистрационите агенти ги прикачуваат доказите кои се поднесуваат како прилози кон пријавата за упис.

Измената е направена со цел да Ви се овозможи прилозите кои ги поднесувате како докази кон Пријавата за упис да се прикачат во типови на прилози со назив идентичен на документот кој се прикачува. (Пример доказ Изјава, се скенира во тип на прилог со назив Изјава, ЗП образец, во тип на прилог со назив ЗП образец)

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ ВО ПРОИЗВОДОТ ЗА ИСТОРИЈАТ НА СУБЈЕКТ

Почитувани Корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија,

Ве известуваме дека од 1.10.2018год. во текот на денот ќе настанат промени во однос на начинот на издавање на Историјат на субјект на упис од Tрговскиот регистар и Регистарот на други правни лица преку Системот за е - потврди и Интернет Дистрибутивниот систем како резултат на имплементација на барањето за прикажување/не прикажување на ЕМБГ договорени со Дирекцијата за заштита на лични податоци, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Промените во Историјатот се однесуваат на видливоста на податокот ЕМБГ за актерите на субјектот, односно ќе се генерира Историјат на субјект на упис– Историјатна субјект на упис со можност за криење и приказ на ЕМБГ, кај која постои опција, односно можност за прикажување или криење на ЕМБГ на актерите на субјектот во зависност од тоа дали барателот внел или не внел податок за ЕМБГ кој соодветствува на ЕМБГ на некој од тековните актери на субјектот.
Повеќе информации

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,
Словенечкиот бизнис регистар AJPES успешно го заврши процесот на акредитација од страна на Глобалната фондација за идентификатори на правни лица (GLEIF) за издавање на меѓународен идентификатор за правно лице LEI (Legal Entity Identifier). Со тоа, сите правни лица од Република Македонија заинтересирани за добивање на LEI целиот процес можат да го спроведат електронски, преку веб порталот на АЈПЕС (https://www.ajpes.si/Registers/Legal_Entity_Identifier/About).
LEI претставува уникатен код од 20 цифри, воспоставен со стандардот ИСО 17442. Со него се овозможува идентификација на правните лица во меѓународни рамки, при што се обезбедува транспарентност во правниот и во финансискиот промет. Глобалната употреба и континуираната контрола на квалитетот претставуваат гаранција за квалитетни, доверливи и споредливи референтни податоци што се содржани во LEI.
За сите дополнителни информации, како и за техничка поддршка при користење на системот, правните лица од Република Македонија може да се обратат на LEI.info@ajpes.si

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва(Сл.Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2017 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2016 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица(Сл.Весник на РМ бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.
Повеќе информации

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛА НА НОСИТЕЛОТ НА ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (Сл. Весник бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.

Повеќе информации

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани корисници

Ве известуваме дека Централен регистар на Република Македонија имплементираше мерка со која им овозможи на граѓаните регистрација за целите на ДДВ преку нашиот систем за е-регистрација http://s-submit.crm.com.mk/eFiling
Оваа мерка ја имплементираме во соработка со Управата за јавни приходи.

 

ОГЛАС

Централниот регистар објавува Оглас за продажба на подвижен имот по пат на усно јавно наддавање објавен во Нова Македонија на 16.03.2018г. бр на оглас бр1.
Пријава по оглас Преземи

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека Централниот Регистар на РМ го раскина Договор за соработка и размена на информации со Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, поради неиспочитување на одредбите од истиот, од нивна страна. Обврската што произлегува од предметниот Договор - размената на податоци да биде функционална најдоцна до 31.12.2017 година не е исполнета, а рокот за поднесување на годишните сметки во хартиена форма истекува. При поднесувањето на годишните сметки во хартиена и електронска форма за правни субјекти кои водат сметководство согласно Законот за вршење сметководсвена дејност, овластените сметководители можат да поднесат за сите правни субјекти, додека сметководителите за здруженија, фондации и трговци поединци.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во согласност со член 47 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010), а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија, објавена е листа на граѓански организации со информација за нивна евидентирана е-маил адреса
Повеќе информации

 

Почитувани,

Ве информираме дека согласно националниот акциски план за отворено владино партнерство 2016 – 2018 година, објавуваме основни (агрегирани) податоци за граѓански организации и деловни субјекти и тоа:

- Број на субјекти од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (основани и избришани во предметната година)
- Број на поднесени годишни сметки и финансиски податоци (приходи, расходи, вработени) за сите типови на обработка (видови на обрасци и дополнително за непрофитни по секој организационен облик, Општествени организации, фондации и здружение на граѓани) на годишни сметки
Повеќе информации

 

Известување за нов, интегриран производ на Централен регистар

Почитувани корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија,

Ве информираме дека од 16.10.2017 година, достапна е новата Интегрираната потврда - издадена информација за залог, лизинг, фидуција и продажба, која содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар, регистарот за лизинг, фидуцијарниот регистар и регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост (за заложниот должник, корисникот на лизинг, должникот и купувачот). Потврдата, корисниците можат да ја побараат во хартиена и електронска форма, а ќе може да се пребарува по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ги известуваме сите учесници во изборната кампања на локалните избори 2017 година дека постапката и начинот на обезбедување на Единствен даночен број и Трансакциска сметка за изборната кампања, обврска која произлегува од член 10 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.142/2012) е уреден со соодветно упатство.
Повеќе информации

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛА НА НОСИТЕЛОТ НА ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.
Повеќе информации

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ ВО ОДНОС НА НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА ПРЕКУ СИСТЕМОТ ЗА Е-ПОТВРДИ И ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Почитувани Корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија,

Започнувајќи од 28.04.2017 година, Ве известуваме дека ќе настанат промени во однос на начинот на издавање на Тековната состојба преку Системот за е - потврди и Интернет Дистрибутивниот систем како резултат на имплементација на барањата за прикажување/не прикажување на ЕМБГ договорени со Дирекцијата за заштита на лични податоци, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Македонија број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015, 99/2016).
Повеќе информации

 

Известување за нов, интегриран производ – потврда од залог и лизинг

Почитувани Корисници на услугите на Централен регистар на Република Македонија,

Ве информираме дека од денес, 04.04.2017 година, преку системот за е -потврди и интернет дистрибутивниот систем на Централен регистар на Република Македонија, ќе бидете во можност да го користите новиот производ – потврда од залог и лизинг. Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за заложниот должник и корисникот на лизинг). Потврдата ќе се изготвува исклучиво преку системот за е - потврди, по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице. Истата ќе се наплаќа 505,00 денари. Потврдата, корисниците можат да ја побараат во хартиена и електронска форма.

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛА НА НОСИТЕЛОТ НА ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Почитувани,

Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.
Повеќе информации

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите 25.02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот, 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) од 08:00 до 20:00 часот.
Повеќе информации

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва(Сл.Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2016 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2015 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица(Сл.Весник на РМ бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.
Повеќе информации

 

НОВИ РЕГИСТРИ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Во насока на зголемување на правната сигурност во Република Македонија, како и заради олеснување на пристапот до кредити за стопанството, а согласно член 50-а и 50-б од Законот за обезбедување на побарувањата, во Централниот регистар на Република Македонија се воспоставија и почнаа да функционираат два нови регистри, и тоа Регистар за продажба со задржување на правото на сопственост и Регистарот за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права (Фидуцијарен регистар). Овие регистри овозможуваат евидентирање и објавување на два нови видови на обезбедување на побарувања, што ја зголемува транспарентноста во правниот промет и претставува нова алатка за обезбедување на побарувањата при кредитирањето на бизнисите.
Повеќе информации

 

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ СУБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Централниот регистар на Република Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015 и 6/2016), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.
Повеќе информации

 

СЕ ПОЕДНОСТАВУВА И ПОЕВТИНУВА УЧЕСТВОТО НА КОМПАНИИТЕ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Централниот регистар на Република Македонија и Бирото за јавни набавки денес овозможија нова услуга преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), која на компаниите ќе им заштеди време и средства, а истовремено ќе ја зајакне и правната сигурност во постапките за јавни набавки.
Повеќе информации

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Почитувани,

Централниот регистар ги повикува сите правни субјекти редовно да ги ажурираат податоците што се предмет на упис во Трговскиот регистар и во Регистарот на други правни лица, со особен акцент на адресата на електронско сандаче за прием на писмена (е-маил адреса), затоа што Централниот регистар истата ја доставува до државните и други органи кои ја користат при водењето на соодветни постапки согласно нивните законски надлежности и овластувања.
Со ова известување ги повикуваме субјектите кои ги немаат ажурирано податоците за е-маил адреса или друг податок во Централниот регистар, во рок од 15 дена да извршат упис на промена на истите и да запишат валидна и активна адреса на електронско сандаче. За утврдени погрешно запишани податоци, Централниот регистар ќе поднесе барање до надлежниот суд за покренување прекршочна постапка, согласно член 597 од Законот за трговските друштва.
Точноста на податоците запишани во регистарот е од особено значење за непречено функционирање на бизнис-заедницата во правниот промет воопшто и во односите со државните и други надлежни органи.

Со почит,
Централен регистар на Република Македонија

Датум на објава:
22.12.2015

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно измените на Законот за трговските друштва, објавени во Сл. Весник на РМ бр. 88/2015, кои влегоа во примена од 5.6.2015 година, трговците поединци и трговските друштва за кои е отпочната постапка за бришење во согласност со член 552-а и член 552-б од Законот за трговските друштва, може да ја запрат истата ако за времетраењето на објавата на списокот за бришење ги отстранат причините за поведување на постапката.

За дополнителни информации може да се обратите во канцелариите на Централниот регистар, или на телефон 02 3288 100.

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРВО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД ИНДИКАТОРОТ ОТПОЧНУВАЊЕ БИЗНИС
 

Најновиот извештај „Дуинг бизнис 2015“ на Светската банка ја рангира Република Македонија на ПРВО место во Европа, а ТРЕТО место во светот, според индикаторот отпочнување бизнис, што е во надлежност на Централниот регистар на Република Македонија. Во генералното рангирање, Република Македонија бележи напредок од едно место и е рангирана на високото 30-то место во светски рамки и 16-то место во Европа.
Повеќе информации

 

НОВИ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Почитувани корисници,
Извршена е надградба на интернет дистрибутивниот систем, со што се достапни нови производи  за користење. Производите (потврди/информации) ќе може да се преземат по избор во хартиена или електронска форма. Потврдите односно информациите во електронска форма ќе може по избор на корисникот да бидат и електронски потпишани со квалификуван дигитален сертификат. Сите нови производи ќе бидат достапни од 19.11.2013 година. Повеќе информации...

 

НОВА МОЖНОСТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Направена е надградба на овој систем со што е овозможено електронско плаќање и дополнување на припејд сметката на корисникот за добивање информации преку интернет.

 

ПРЕГЛЕД НА ОСТАНАТИ СООПШТЕНИЈА ОД ТРГОВСКИОТ РЕГИСТАР

Повеќе информации...

 

Како до веродостојни правни и финансиски податоци за правните субјекти? – Користете го интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија

Преку интернет дистрибутивниот систем 24 часа на ден се достапни податоците за субјектите запишани во регистрите, кои може да се добијат во форма на информација.


Повеќе информации...
НОВОСТИ
РЕГИСТРИ
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА
Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар  повеќе...
РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ
Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето повеќе...
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР
Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација) повеќе...
РЕГИСТАР ЗА ЛИЗИНГ
Регистрацијата на документите за лизинг се врши врз основа на Договор за лизинг заверен кај нотар и Образец бр.1 – Пријава за регистрација, промена или бришење на лизинг (Тарифа и обрасци) како и останати пропратни документи повеќе...

РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ
Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија, Централниот регистар на Република Македонија го води согласно на Законот за Централен регистар  повеќе...


РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ

Согласно на Законот за Централниот регистар (Службен весник на РМ број 50/2001, 49/2003, 109/2005 и 81/2008), во Централниот регистар функционира и Регистарот на права врз недвижности повеќе...
РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Согласно на Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003, 81/2008, 24/2011 и 135/2011), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година, Централниот регистар на Република Македонија ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и повеќе...

РЕГИСТАР ЗА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ

Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува повеќе...

РЕГИСТАР ЗА КАЗНИ НА ПРАВНИ ЛИЦА

Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци повеќе...

РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ

Регистарот на задолжници е воспоставен со Законот за задолжница (Службен весник на Република Македонија бр. 59/2012) како еден од регистрите во надлежност на Централниот регистар и започна со работа на 01.09.2012 година повеќе...

ФИДУЦИЈАРЕН РЕГИСТАР

Регистарот за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права (Фидуцијарен регистар) кој се води во рамките на Централниот регистар е воведен и функционира согласно Законот за обезбедување на побарувањата (Сл. Весник на Република Македонија 87/07 и 31/16). повеќе...

РЕГИСТАР ЗА ПРОДАЖБА СО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ

Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост кој се води во рамките на Централниот регистар е воведен и функционира согласно Законот за обезбедување на побарувањата повеќе...

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.