НАСКОРО
НОВ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА Е-ПОТВРДИ
Централниот регистар ќе овозможи електронска нарачка на правно–валидни потврди/информации и нивно преземање во електронска или хартиена форма. За почеток ќе бидат достапни сите потврди/информации потребни во постапките за јавни набавки.
Дополнителни информации за новиот систем наскоро ќе бидат објавени.
СООПШТЕНИЕ
ЗА БРИШЕЊЕ НА СУБЈЕКТИ СО НЕПОТВРДЕНИ ПОДАТОЦИ
Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 7 а во врска со член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.166/2012) објавува Преглед на друштва односно субјекти на упис Повеќе информации...
Скопје, 08.03.2013
СООПШТЕНИЕ
Централниот регистар на Република Македонија им соопштува на сите субјекти на упис во трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кои не ја извршиле должноста за поднесување на пријава за упис на податок за адреса на електронско сандаче за прием на писмена во регистрацијата на субјектот, согласно член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл.весник на Република Македонија бр.17/2011), истото да го сторат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на соопштението.
Доколку субјектите на упис, не ја извршат оваа должност во определениот рок, преземаат ризик да им биде изречена глоба, согласно Законот. Повеќе информации...
Скопје, 07.03.2013
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ги известуваме сите учесници во изборната кампања на локалните избори 2013 година дека постапката и начинот на обезбедување на Единствен даночен број и Трансакциска сметка за изборната кампања, обврска која произлегува од член 10 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.142/2012) се уредени со следното УПАТСТВО
НАМАЛЕНА ТАРИФА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ЗА СТУДЕНТИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Почитувани,
Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите физички и правни лица, дека согласно програмата на Владата на Република Македонија, а во насока на поттикнување на претприемништвото, ја намали тарифата за електронска регистрација на трговски друштва (ДОО/ДООЕЛ) за студенти претприемачи.
Сега, секој студент може да отпочне свој бизнис за симболични 250,00 денари.
ПОЧЕТОК НА РАБОТА НА РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ
Почитувани корисници на услугите на Централниот регистар на РМ,
Ве известуваме дека на 01.09.2012 година, почна да функционира Регистарот на задолжници. За упис, издавање на информации и друго во врска со овој регистар посетете ја следната веб страница
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАРАЧКА НА ПЕЧАТИ
Почитувани корисници,
Согласно предлог мерките од страна на Владата на Република Македонија за подобрување на бизнис климата и препораките на извештајот на ”Дуинг бизнис 2012”, се известуваат сите подносители на пријави за упис во Централниот регистар на Република Македонија дека можат да извршат и нарачка на печати. Печатите ќе ги изработува правниот субјект Агенс ДОО Скопје, избран по пат на јавен оглас. Повеќе информации...
ЕЛЕКТРОНСКА РЕГИСТРАЦИЈА
Почитувани корисници, Ве известуваме дека е пуштен во употреба Системот за електронска регистрација кој овозможува електронско поднесување на документи за упис, промена и бришење во Трговски регистар и Регистарот на други правни лица, преку интернет со користење на електронски документи и електронски потписи Повеќе информации...
|
 |
|
Како до веродостојни правни и финансиски податоци за правните субјекти? – Користете го Интернет дистрибутивниот систем на Централниот Регистар на Република Македонија
Преку интернет дистрибутивниот систем 24 часа на ден се достапни податоците за субјектите запишани во регистрите, кои може да се добијат во форма на информација преку следните производи:
-
Тековна состојба (Валидните податоци за субјектот на упис во моментот на пребарување)
-
Историјат (Промeните извршени кај субјектот на упис почнувајќи од 01.01.2006 година)
-
Скенирани документи (Скенирани записи од актите на субјектот за упис кои се регистрирани по 01.01.2006 година, односно кај кои што е извршена промена по 01.01.2006 година).
-
Банкарски сметки (Податоци за сметки за субјектот на упис во моментот на пребарување)
-
Скратен исказ од годишни сметки (Податоци за финансиската состојба за субјектот на упис во моментот на пребарување)
Повеќе информации...

|
|
|
НОВОСТИ |
 |
 |
|
|
 |
 |
|
РЕГИСТРИ |
 |
 |
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА
Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар повеќе... |
РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ
Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето повеќе... |
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР
Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација) повеќе... |
РЕГИСТАР ЗА ЛИЗИНГ
Регистрацијата на документите за лизинг се врши врз основа на Договор за лизинг заверен кај нотар и Образец бр.1 – Пријава за регистрација, промена или бришење на лизинг (Тарифа и обрасци) како и останати пропратни документи повеќе... |
|

РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ
Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија, Централниот регистар на Република Македонија го води согласно на Законот за Централен регистар повеќе...
|

РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ
Согласно на Законот за Централниот регистар (Службен весник на РМ број 50/2001, 49/2003, 109/2005), во Централниот регистар функционира и Регистарот на права врз недвижности повеќе... |
РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Согласно на Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003 и 81/2008), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година, Централниот регистар на Република Македонија ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и повеќе... |

РЕГИСТАР ЗА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ
Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува повеќе... |

РЕГИСТАР ЗА КАЗНИ НА ПРАВНИ ЛИЦА
Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци повеќе... |

РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ
Регистарот на задолжници е воспоставен со Законот за задолжница (Службен весник на Република Македонија бр. 59/2012) како еден од регистрите во надлежност на Централниот регистар и започна со работа на 01.09.2012 година повеќе... |
|
|